Thursday, Mar 30, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионУбиен српски снајперист во Турција, член на Курдската работничка партија

Убиен српски снајперист во Турција, член на Курдската работничка партија

sniper

Убиен е српски снајперист, припадник на Курдската работничка партија, а негов сограѓанин е уапсен во југоисточниот дел на Турција – јавија тамошните медиуми.

За време на антитерористичката операција, извршена на 30 јануари, бил уапсен и вториот српски снајперист, кој е однесен на сослушување во секторот за борба против тероризмот на турската полиција во градот Шернак. Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу изминатиов викенд истакна дека за време на операциите на турските сили било утврдено дека на страната на ПКК се борат повеќе странски снајперисти.