Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУбиен лидерот на Исламска држава?

Убиен лидерот на Исламска држава?

Лидерот на т.н.Исламска држава, Абу Бакар Ал Багдади наводно е убиен во американски возушен удар во ирачкиот град Рака, соопшти денеска новинската агенција блиска до џихадистите, Ал Амак. „Абу Бакар Ал Багдади е убиен при напад на коалициските сили во Рака, извршен во петтиот ден од Рамазан“, ја пренесува ТАСС веста на новинската агенција Амак.

Друг извор соопштува дека Ал Багдади бил убиен во реонот на Мосул во Ирак, пишува британскиот весник „Дејли меил“.

Ирачките безбедносни сили лиферуваа соопштение кое гласи: „Ирачки авион уништи конвој со кој Ал Багдади патувал кон Кербала за да присуствува на средба со терористички лидери од ИД“.

Минатата недела ирачката телевизиска станица „Ал Сумарија“ информираше дека Ал Багдади и членови на неговото поблиско опкружување биле повредени при воздушен удар на коалицијата против еден од командните центри на групата во Ирак, недалеку од сириската граница. Коалицијата тогаш не ја демантираше, но не ја ни потврди оваа информација.

Британски „Индепендент“ пак, пишува: Лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади сепак не е убиен во американскиот воздушен удар во сирискиот град Рака, како што претходно објавија некои ирански, ирачки и турски медиуми. Весникот наведува дека споменатите медиуми како веродостојно го земале соопштението од ИД, кое всушнот е дигитално изменето.

Oва не е прв пат странски медиуми да пренесат вест за смрт на лидерот на ИСИС, но тие се покажаа како неточни.