Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУбиен лидер на огранок на Ал Каеда во Сирија

Убиен лидер на огранок на Ал Каеда во Сирија

Во Сирија е убиен Мухсин ал-Фадли, клучна фигура на огранокот на Ал Каеда. Тој е убиен во напад на коалициските сили, предводени од САД, соопштува портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис. Ал-Фадли бил „еден од само неколкумнината доверливи лидери на Ал Каеда кој однапред ја имал информацијата за планот за напади во САД на 11 септември 2001 година“, беше наведено во соопштението.

Портпаролот на Пентагон не изнесе повеќе податоци од нападот во кој погина лидерот на огранокот на Ал Каеда, па затоа не се знае дали нападот бил изведен со дрон или летало со кое управувал пилот. Ал-Фадли бил водач на групата Хорасан, која околу себе собира оперативци на Ал Каеда испратени од Пакистан во Сирија за да осмислуваат напади врз цели на Западот. Американските безбедносни служби наведуваат дека групата Хорасан и официјално е дел од екстремистичката организација фронтот Ал Нусра, сирискиот огранок на Ал Каеда.