Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУби тројца од фамилија и нема да лежи доживотно

Уби тројца од фамилија и нема да лежи доживотно

Основниот суд во Велес направи чуден преседан со изрекување на затворска казна од само 40 години за повеќратниот убиец Тони Станоев кој ги застрела Билјана Леова и Илија Леов родителите на Данче Станоева, неговата поранешна жена, како и нивната ќерка Снежана Леова.

toni stanoev zrtviСемејството на настраданите е многу револтирано на судот бидејќи очекувале казна од доживотен затвор со оглед на бројот на жртви и тежината со која Станоев го изврши крвавиот масакр минатиот ноември во Кавадарци.

toni stanoevДосега македонското судство имаше повеќе случаи на мултикратни убијци и речиси секогаш изрекуваше максимална и најтешка казна со доживотен затвор. Затоа семејството ќе ја обжали одлуката и правдата ќе ја бара на повисока инстанца.

Станоев инаку е учесник во воениот конфликт од 2001-ва, а пиштолот кој го поседувал со дозвола и знаел како да го користи не му бил одземен од полициски службеници по пријава на семејството за закани и насилство. Исто така потфрлиле и социјалните служби кои одлучиле да не постапуваат, па затоа и Судот им изрече условни казни.