Tuesday, May 30, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаУбедлива во светот: Швајцарија најбогата според просечното богатство по жител

Убедлива во светот: Швајцарија најбогата според просечното богатство по жител

Просечното богатство по глава на жител на глобално се намали за 6,2 проценти во периодот од половината на 2014-та до половината на 2015-та година, но тоа не ја симна Швајцарија од тронот на најбогатата држава во светот со 567.000 долари по жител.

Изразено во парична вредност, падот просечното богатство е на 52.400 долари во однос на истиот период една година претходно, а резултатите се наведени во извештајот на Global Velt 2014, изработен за потребите на банката Credit Suisse. Втората позиција ја зазема Нов Зеланд со 400.800 долари по глава на жител, а третото место и припаѓа на Австралија со просечно богатство по жител од 369.000 долари.