Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаУбавината на 1000 музичари и само една песна

Убавината на 1000 музичари и само една песна

Италијанскиот град Чезена денеска беше главна музичка атракција, а причината за тоа не е никаков одржан концерт ниту, пак, присуство на некоа славна музичка ѕвезда.

Градот беше во знакот на илјада лица, илјада гласови и насмевки, илјада музичари кои ја сплотија силата и направија нешто досега невидено. Овие надежни ликови заеднички ја интерпретираа Learn to Fly на познатиот музички рок бенд Foo Fighters со една единствена цел – да му се обратат на вокалистот Dave Grohl да одржи концерт во Чезена.

Не само што организаторите на настанот беа воодушевени од успехот што го постигнаа, туку и социјалните мрежи беа преплавени со позитивни критики, соживувајќи се со музичката ведрина на лицата кои направија ова музичко интермецо да стане реалност.

Објавено е и YouTube видео на кое можете да ја проследите атмосферата. Запејте на цел глас!