Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУапсени две лица кои му оставиле куршум во салфетка за Изет Меџити

Уапсени две лица кои му оставиле куршум во салфетка за Изет Меџити

Куршум завиткан во салфета – била пораката до градоначалникот на Чаир поради која утрово се уасени две лица, а се трага по уште две. Се товарат за кривично дело загрозување на сигурноста. Градоначалникот на општина Чаир и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити, во понеделникот избегнал блиска средба со група од 20-тина лица кои упаднале во неговата канцеларија во општинската зграда на Чаир, кои како поздрав од посетата му оставиле куршум.

Наводно, уасениот Ваљон Беља, вработен во општината, бил незадоволен затоа што не било исполнето ветување кон него, тој да биде назначен за директор на пензискиот фонд.