Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУапсени џихадисти од Косово на македонско-бугарска граница

Уапсени џихадисти од Косово на македонско-бугарска граница

Пет лица од Косово осомничени за радикализам уапсени на македонско-бугарската граница. Уапсените се на возраст од 20 до 25 години, а синоќа биле уапсени во бугарското село Каменичка Скакавица во близина на Ѓушево на границата со Македонија.

Во нивните мобилни телефони биле откриени видеоснимки со отсечени глави и молитви кои ги користат џихадистите, како и реклама за ИД, јавуваат бугарските медиуми.

Началникот на граничната полиција во Ќустендил, Васил Митов потврдува дека се уапсени петмина странски државјани, но не изнесува повеќе детали. Албанците патувале со автомобил, а вниманието на полицијата го привлекле кога се обиделе да ги подмитат полицајците кои ги запреле.

По приведувањето Окружното обвинителство во Ќустендил им одредило задржување од 72 часа. Овој случај го презедоа припадниците на Бугарската државна агенција за национална безбедност, кои по сослушувањето утре ќе ги изведат Албанците пред судот во Ќустендил заради одредување притвор.