Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУапсени четворица радикални исламисти од Косово

Уапсени четворица радикални исламисти од Косово

Четворица радикални исламисти со потелко од Косово се приведени во антитерористичка акција на италијанската и косовската полиција. Според италијански медиуми, тројца се приведени во Италија, а четвртиот кој се смета за шеф на групата е уапсен во Косово.

Според косовската полиција, бил извршен претрес на куќата на осомничениот, која се наоѓа на 65 километри од Приштина, при што бил пронајден пиштол, пушка и некои електронски направи. Италијанската полиција соопшти дека осомничените биле активни на интернет каде ја промовирале својата кауза, но не биле инволвирани во други активности.

За време на акцијата се извршени истовремени проверки во Бреша, Виченца и Перуџа. Приведените се осомничени за учество во терористички активности и ширење екстремистичка пропаганда.