Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУапсени четири лица за бродоломот во кој се удави малото дете

Уапсени четири лица за бродоломот во кој се удави малото дете

Турските власти уапсија четири лица осомничени за криумчарење на луѓе преку Медитеранот, поточно за бродоломот кој се случи во средата, во кој загинаа 12 Сиријци во два чамци, а меѓу нив беше и тригодишното дете Ајлан Курди.

Фотографијата со детето, за кое се претпоставува дека е дел од 12-те луѓе сириски бегалци кои во средата се обидоа да допливат до Турција, како потресно сведоштво и симбол на бегалските страдања предизвика емотивни реакции во јавноста во цел свет.

Уапсените сириски државјани се на возраст од 30 до 41 година.