HomeДЕНЕШНАРепубликаУапсени 53 мигранти во Лојане

Уапсени 53 мигранти во Лојане

Во поширокиот реон на село Лојане, општина Липково, вчера во периодот од 19.00 до 24.00 часот се откриени и фатени вкупно 53 мигранти од Авганистан и Пакистан.

МВР денеска соопшти дека по претходно добиени оперативни сознанија и информации за зголемено присуство на лица и групи на мигранти, извршена била координирана акција и претрес на теренот. Притоа биле откриени и фатени вкупно 53 лица мигранти од Авганистан и Пакистан, од кои 43 мажи, 3 жени и 7 деца.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com