Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУапсени 28 лица во Турција поради наводна поврзаност со имамот Ѓулен

Уапсени 28 лица во Турција поради наводна поврзаност со имамот Ѓулен

Турската полиција вчера, во опсежна акција, уапсила 28 лица во неколку градови во земјата, обвинети за поврзаност со имамот во егзил, Фатулах Ѓулен, кој му е противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавуваат турските медиуми.

Според информациите, рации биле изведени во Истанбул и во неколу градови во Анадолија, во централниот дел на Турција. Уапсените, како што пишува весникот „Хуриет“, се товарат за припадност на терористичка организација. Турската полиција трага по уште 23 лица, меѓу кои и Ризанур Мерал, кој управува со моќната конфедерација на индустријалци и на деловни луѓе „Тускон“.

Ердоган, инаку, го обвинува Ѓулен дека преку својата мрежа на луѓе и на организации воспоставил „паралелна држава“ за да го симне од власт.