Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУапсени 26 поранешни судии и обвинители во Турција

Уапсени 26 поранешни судии и обвинители во Турција

Истанбулски обвинители издадоа налози за апсење на 55 поранешни судии, за кои се смета дека се поврзани со движињето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен и кои неодамна беа отстранети од должноста, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

Движењето на Ѓулен, кој живее во САД, е обвинето од турските власти за неуспешниот обид за преврат во јули минатата година. Ѓулен ги отфрла ваквите обвиненија.

Сите осомничени се обвинети дека се членови на „вооружена терористичка организација“. По барање на обвинителството, судот одобрил претрес на нивните имоти и одземање на сите докази за извршениот криминал.

Весникот наведува дека 26 лица се веќе уапсени, а по останатите 29 се уште се трага.