HomeДЕНЕШНАСветУапсени 166 демонстранти во Хаг

Уапсени 166 демонстранти во Хаг

index

Поради насилство над полицијата во Хаг, во Хаг биле уапсени 166 демонстранти кои излегле на протест против фашизмот и покрај забраната за тоа. Околу 200 демонстранти во саботата се собрале на демонстрации под слоган „Стоп за угнетувањето на антифашистите и анархистите“. Овој собир од претходно бил одобрен од страна на градот Хаг, но под услов демонстрантите да не го покриваат лицето.

„На почетокот на демонстрациите, одреден број на демонстранти излегоа на протести со покриено лице со шал, капа или наочари за сонце“, наведе полицијата во соопштението. Бидејќи одбиле да го откријат лицето, од управата на градот била наредено дека тој настан треба да биде прекинат, што наишло на противење кај 166 демонстранти кои поради дивеење низ градот биле уапсени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com