Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУапсени 14 мигранти кај Ваксинце: Излегле од мерцедес точно пред очите на полицајците

Уапсени 14 мигранти кај Ваксинце: Излегле од мерцедес точно пред очите на полицајците

14 мигранти се уапсени вчера во Ваксинце. Вчера околу 6.45 часот полициски службеници од полициската станица Сопот, од правец на село Речица и село Ваксинце забележале како од автомобил „мерцедес“ со скопски таблички излегуваат 14 мигранти.

Кога мигрантите ги здогледале полицајците, почнале да бегаат. Но, набрзо биле стигнати и приведени. По извршениот разговор, тие изјавиле дека за паричен надоместок биле превезени со возилото. Се уште нема информации за возачот.