Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУапсени 12 улични дилери – Запленети наркотици и оружје

Уапсени 12 улични дилери – Запленети наркотици и оружје

Екипите на МВР за недозволена трговија уапсија 12 лица осомничени за трговија на дрога од најразличен вид, запленети се 34 таблети екстази, 32 таблети ЛСД, 16,89 грама анфетамин, 9,4 грама хероин, 25 расади марихуана, 18,38 грама марихуана, 4,3 грама кокаин, како една автоматска пушка „АК-47“ со 29 куршуми, еден пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65 и 92 парчиња пиштолска муниција калибар 9 мм.
Поднесени се кривични пријави против 12 лица од Скопје, по едно од Штип и Неготино и од страна на Судија на претходна постапка им е изречена мерка притвор во траење од по 30 денови.