Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУапсена српска следбеничка на ИСИЛ – подготвена за терористички напад на Балканот

Уапсена српска следбеничка на ИСИЛ – подготвена за терористички напад на Балканот

Жени од ИСИС „оперираат“ на Балканот. Српската државјанка Е.Џ (21), следбеничка на ИСИЛ е уапсена вчера во БиХ. Таа била добро тренирана за самоубиствени напади и е подготвена со своите истомисленици да изведе терористички напади на овие простори, пишува српски „Блиц“.

Како што пренесува порталот, девојката наводно имала задача да собира податоци, но и да врбува други жени во редовите на ИСИЛ. Според податоците на српските безбедносни служби таа се споменува и како најблизок соработник на радикалниот вахабистички лидер од Горна Маоча. Како што пренесува Блиц, Е.Џ. е тренирана за самоубиствени напади.