Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУапсен уште еден осомничен во антитерористичката акција Ќелија

Уапсен уште еден осомничен во антитерористичката акција Ќелија

Уште еден осомничен, во антитерористичката акција „Ќелија“ е уапсен синоќа. Осомничениот е уапсен во Скопје, други детали се очекуваат во текот на денот.

Од почетокот на акцијата досега уапсени се десет лица, а се трага по уште 27 други, кои се сомничат дека војувале во редовите на Исламската држава во Сирија, информираат од МВР. За 20 од нив се сомнева дека се се уште на боиштата во Сирија. Според статистиката на МВР, на боиштата во Сирија досега загинале 16 македонски државјани, а се проценува дека околу 130 македонци се бореле или се борат таму.