Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУапсен убиецот од Мала Речица

Уапсен убиецот од Мала Речица

Убиецот од Мала Речица е уапсен утрово околу 6 часот во непосредна близина на мостот помеѓу тетовските села Пршовце и Теарце, соопшти тетовската полиција. При полициската акција за негово приведување извадил пиштол и се обидел да го употреби односно да пука кон полициските службеници, но брзо и ефикасно бил совладан и приведен во СВР Тетово.

Кај осомничениот биле пронајдени пиштол „ТТ“ од руско производство и 30 куршуми што ќе се вештачат, јави дописникот на МИА. Во текот на денешниот ден а во координација со јавен обвинител и со соодветен поднесок Џ.Х. ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, најави портпаролот на СВР Тетово.