HomeДЕНЕШНАРегионУапсен убиецот на навивачот – Стефановиќ и објави војна на мафијата

Уапсен убиецот на навивачот – Стефановиќ и објави војна на мафијата

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ на прес конференција соопшти дека после синоќешната ликвидација во Белград е уапсено едно лице и и објави војна на мафијата во Србија и поранешните југословенски републики, но и пресметка со „мангупите“ од редовите на полицијата.

Тој рече дека полицијата го привела осомничениот за убиството на водачот на навивачката група „Гробари“, Александар Станковиќ познат како Сале Мутави. Стефановиќ додаде дека се трага и по неколку други лица кои се дел од најорганизираната криминална група на Балканот.
nebojsa-stefanovic
Истрата за случајот е во тек, а полицијата ги анализира доказите кои се собрани во текот на ноќта и се сослушуваат сведоци.

„Им порачувам на криминалците кои доаѓаат во Србија и во Белград, нашата земја не е полигон за нивните пресметки. Тоа никогаш нема да им биде дозволено. Ова особено важи за оние од две поранешни југословенски републики, од каде доаѓаат вакви извршители“, рече Стефановиќ.
grobari-navivac
„Ќе им забраниме на стотина луѓе да влезат во нашата земја, а со оние кои имаат наше државјанство остро ќе се пресметаме. Објавуваме војна на оваа мафија. Ќе биде тоа тешка борба, но државата мора на крај да победи“, изјави Стефановиќ.

Нема да бидат поштедени ни полициските службеници кои соработуваат со криминалците. На сите кои биле гости во нивните вили и јахти и со нив ги делеле парите, Стефановиќ им порача дека до крајот на годината ќе бидат „исчистени“ од полицијата.

Убиецот припадник на Пинк Пантер?
Лицето кое е осомничено за убиство на Александар Станковиќ е припадник на познатата меѓународна банда Пинк Пантер, објавија српските медиуми. Според нивните неофицијални информации станува збор за припадник на бандата Пинк Пантер која е поврзана со црногорската мафија и кој е сопственик на една позната теретана во Подгорица.

Александар Станковиќ беше ликвидиран синоќа во Белград. Тој во српската јавност беше познат под прекарот Сале Мутави и беше водач на навивачката група на „Партизан“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com