Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУапсен Скопјанецот кој војувал за Исламска држава

Уапсен Скопјанецот кој војувал за Исламска држава

Уапсен е 23-годишен Скопјанец (С.Ф.) кој се бараше од август годинава во рамки на Оперативната акција „Ќелија“, а против него беше поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“.

Тогаш од надлежниот суд, во отсуство му беше изречена мерка притвор. Според сознанијата пријавениот бил припадник на ИД во Сирија пролетта годинава. Истиот е и претходно познат сторител на насилни имотни кривични дела.

Оперативната акција “Ќелија“ беше реализирана на почетокот на август за апсење на лица кои учествувале во паравоени формации, во собирање финасиски и други логистички средства за потребите на паравоени формации, како за врбување и поттикнување на лица да се приклучат во паравоени формации.

Во рамки на акцијата беа извршени 28 претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга, беа запленети поголема количина технички средства (копјутери, лап-топи, таблети, мобилни телефони, и друго).