Wednesday, Mar 29, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУапсен скопјанец осомничен за акцијата „Ќелија“

Уапсен скопјанец осомничен за акцијата „Ќелија“

Косовската полиција во текот на вчерашниот ден го информирала Секторот за меѓународна полициска соработка, одделението НЦБ Интерпол Скопје при МВР, дека во Косово е приведено лице кое се бараше по меѓународна потерница пради сомение за сторено кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации.

Веднаш по добиеното известување стапено е во контакт со косовската полиција и по размената на информации потврдено е дека станува збор за Б.Б. (40) од Скопје кој се бараше со меѓународна потерница во врска со оперативната акција „Ќелија“ по којашто истиот беше опфатен со кривичната пријава поднесена во август годинава против 36 лица од Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга поради што од надлежниот суд во отсуство му беше изречена мерка притвор.

Истиот се товари дека учествувачл во групата вршејќи разни акивности како индоктринација, логистика и помагање при испраќањето на македонски државјани да се борат на страната на ИСИС.

Б.Б. и претходнио и е познат на полицијата и во неколку наврати е кривично пријавуван.