Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУапсен претседателот на Основниот суд во Куманово и уште 11 други лица

Уапсен претседателот на Основниот суд во Куманово и уште 11 други лица

Утринската акција на МВР заврши со 12 уапсени, меѓу кои и претседателот на Основниот суд во Куманово, потврдија за Телма извори од надлежното обвинителство. Судскиот совет донел итна одлука за одземање на имунитетот на кумановскиот судија, претседател на основниот суд.

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, потврди дека се води истражна постапка против 12 лица, од кои едно лице се гони за кривично дела злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување, кои ги сторил како носител на висока функција во основниот суд Куманово. Останатите 11 осомничени се гонат за сторени кривични дела злосторничко здружување, лихварство, изнуда и криумчарење мигранти. За сите 12 лица обвинителството предложило определување мерка притвор.