Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУапсен македонски државјанин во Тирана осомничен за учество во Исламска Држава

Уапсен македонски државјанин во Тирана осомничен за учество во Исламска Држава

Македонскиот државјанин И.А. баран со меѓународна потерница, е уапсен во Тирана бидејќи е осомничен за учество во ИД.

„Потерницата по И.А. (46) жител на Гостивар била распишана пред една година, но тој нашол засолниште во Тирана. Уапсен е од припадниците на секторот за антитероризам“, јави тиранската телевизија Ора њус.

Истиот извор наведува дека тој пред една година успеал да избегне апсење во Македонија и од тогаш најверојатно се криел во Тирана.

Неговата идентификација и апсење се реализирани врз основа на размената на информации на тајните служби на двете земји. Во подолгата истрага биле вклучени и тајни служби на западните земји.

Преметот е доставен до Обвинителството на судот во Тирана кој треба да ја реализира процедурата за негова екстрадиција.

МИА