Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУапсен лажниот Сергеј Трифуновиќ кој го крадел српскиот народ

Уапсен лажниот Сергеј Трифуновиќ кој го крадел српскиот народ

Полицијата денеска го уапси 23 годишниот Ф.Ј. поради сомнение дека во фебруари оваа година лажно се претставувал како актерот Сергеј Трифуновиќ користејќи повеќе лажни профили на Фејсбук и така граѓаните ги доведол во заблуда да уплаќаат пари за неговата хуманитарна организација, соопштија од МУП. Како што
sergej lazen наведува полицијата наместо Трифуновиќ фондацијата, се работело за сметка која осомничениот ја отворил за да ги собере противправно стекнатите пари. До сега е идентификувана една оштетена личност која уплатила вкупно 345.000 динари, а во тек се проверките во врска со други потенцијално оштетени лица кои исто така ги уплатиле парите на Ф.Ј. Тој се сомничи за кривично дело измама и за кривична пријава и ќе биде приведен во Посбено обвинителство за борба против високотехнолошки криминал.