Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУапсен Игор Југ, еден од учесниците во насилствата од 27 април

Уапсен Игор Југ, еден од учесниците во насилствата од 27 април

Игор Југ, еден од учесниците во насилствата во Собранието од 27 април, оваа година, утрово е уапсен во неговиот стан во Куманово, потврдуваат за „Мета“ извори од истрагата.

Од МВР засега нема официјална потврда за апсењето.

Инаку, против Југ беше отворена истрага веднаш по насилствата, односно му беше одреден притвор и се бараше со потерица, но досега тој не беше достапен за органите на прогонот.

Тој е водач здружението „Владо Черноземски“ од Куманово, кое беше дел од т.н. „Патриотски фронт“. Југ на 27 април беше дел од групата која успеа да стигне до прес-салата во Собранието, каде во тие моменти беа пратениците од актуелната владејачка коалиција. Тој беше облечен во црна маичка со симболот на про-усташката организација „Хрватски оружени сили“ (ХОС).