Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаУ14: Младите кошаркарски надежи со убедлив пораз од Словенија

У14: Младите кошаркарски надежи со убедлив пораз од Словенија

Стартот за кошаркарската репрезентација до 14 година започна со убедлив пораз  на интернационалниот турнир во Словен Градец, Словенија. Домаќинот успеа да ги порази избраниците на селекторот Никола Данев со високи 91-49.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Дамјан Бошковски со 13 коша, 8 скока и 4 асистенции. Утре продолжува второто коло во кое Македонија ја чека натпревар со младите кошаркари од Хрватска.