HomeДЕНЕШНАСветТужбите за нападот на „Кулите Близначки“ опасност за САД

Тужбите за нападот на „Кулите Близначки“ опасност за САД

Обама е разочаран од одбивањето на неговото вето од страна на Конгресот на САД кој и во двата дома го потврди законот со кој им се овозможува на семејствата на жртвите од терористичките напади врз „Кулите Близначки“ да ја тужат Саудиска Арабија и да бараат голема оштета. Белата куќа ја осуди оваа одлука на американскиот Сенат.

– Ова е најголемиот срам што Сенатот на САД го сторил веројатно уште од 1983 година, рече пред новинарите портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, потсетувајќи на последниот случај кога Сенатот, со големо мнозинство гласови, го отфрли претседателското вето.

Саудиска Арабија и нејзините сојузници ги предупредуваат американските законодавци дека дозволувањето американски државјани да го тужат саудиското кралство заради нападите од 2001 година ќе има негативни последици, пренесуваат американските медиуми.

Светските агенции наведуваат дека Саудиска Арабија има арсенал орудија со кои може да возврати на американските мерки, вклучувајќи го и намалувањето на официјалните контакти, повлекување на милијарди долари од американската економија и убедување на блиските сојузници на Саудијците во Советот за соработка во Персискиот залив (ГЦЦ) да ја намалат соработката во борбата против тероризмот, инвестициите и пристапот на САД до важните регионални воздушни бази.

– Ова треба да им биде јасно на Америка и на остатокот од светот: Кога една држава членка на ГЦЦ неправедно се зема за цел, другите застануваат зад неа. Сите држави ќе застанат крај Саудиска Арабија на секој можен начин, тврди професорот по политички науки на универзитетот на Обединетите Арапски Емирати и стручњак за заливските прашања, Абдулкалек Абдулах.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com