Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТурција сруши неидентификувано летало на својот воздушен простор

Турција сруши неидентификувано летало на својот воздушен простор

Турската власти соопштија дека е соборен летачки објект во близината на границата со Сирија. Во денешната изјава војската наведува дека неидентификуваното летало не одговарало на три предупредувања и било соборено согласно турските правила на војската.

Неидентификуван висок владин претставник за Ројтерс изјавил дека леталото било дрон. Турција, која е членка на НАТО во неколку наврати се жалеше дека руските авиони кои изврушуваат воздушни напади во Сирија го прекршуваат турскиот воздушен простор. Портпаролот на турската владеачка партија АКП на 7 октомври соопшти дека руското прекршување на воздушниот простор Турција го гледа како закана. Ова е трет неидентификуван летачки објект кој се најде на турскиот воздушен простор изминатиов период.