Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТурција се уште без влада, можни нови избори

Турција се уште без влада, можни нови избори

Во Турција се уште не е постигнат политички договор за формирање влада бидејќи доминантната Партија на правдата и развојот не може да најде малцински партнер во парламентот кој ќе го подржи новиот состав на министри предводени од кандидатот за премиер Ахмет Давутоглу. Ова е прв мал пораз на оваа партија која постојано беше на власт од 2002 година. Последниот рок за формирање коалиција е на 23 август и ако не дојде до договор тогаш ќе се оди на нови парламентарни избори.