Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТурција се одалечува од НАТО, на повидок воено пријателство со Русија

Турција се одалечува од НАТО, на повидок воено пријателство со Русија

НАТО не и пружа целосна поддршка на Анкара, а Турција е подготвена да ја земе предвид дури и воената соработка со Русија, изјави турскиот министер за надворешни работи Мавлут Чавушоглу, во интервју за Спутник. Чавушоглу додаде дека Турција е незадоволна заради недостигот на соработка што НАТО ја искажува кон Анкара.

„Кога Турција е во прашање, се чини дека НАТО членките ги избегнуваат прашањата како што се размена на технологија и заеднички инвестиции. Турција има намера да развие сопствена одбранбена индустрија и да го зајакне својот одбранбен систем“, рече Чавушоглу.

„Во таа смисла, доколку на Русија тоа и е интересно, подготвени сме да ја разгледаме соработката во тој сектор“, прокоментира турскиот шеф на дипломатијата околу можната соработка со Русија.

Ова е најсилната критика што турскиот министер за надворешни работи ја упати до НАТО. Претходно, во интервју за агенцијата Анадолија од пред една недела, Чавушоглу рече дека Турција и Русија ќе разгледаат воспоставување на заеднички одбранбен, разузнавачки и дипломатски механизам.