Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТурција го блокира Твитер за да не се шират снимки од нападот

Турција го блокира Твитер за да не се шират снимки од нападот

Владата на Турција одлучи да ја блокира социјалната мрежа „Твитер“, два дена откако се случи самоубиствениот напад во Суруч, близу границата со Сирија, кога беа убиени 32 луѓе. Истовремено, Агенцијата за информациски и комуникациски технологии вели дека не е вклучена во оваа одлука за блокада на социјалната мрежа и ќе стори се што може истата да биде одблокирана.

Дел од турските медиумите пишуваат пак, дека блокадата на „Твитер“ е во согласност со одлуката на локалниот суд со цел да се спречи дистрибуирање на снимките од овој самоубиствен напад. Очевидците велат дека експлозијата се случила кога турската и курдската младина се собрала за да го направи планираното патување и посета на сирискиот град Кобан, кој е под контрола на курдската војска. Во нападот загинаа 32 луѓе и 100 беа повредени.

Инаку на иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и претходно во неколку наврати беа блокирани некои од социјалните мрежи.