Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТурција ги замрзна преговорите со Русија за проектот ,,Турски тек"

Турција ги замрзна преговорите со Русија за проектот ,,Турски тек"

Турција одлучи да ги прекине преговорите со Русија за спроведување на проектот „Турски тек” поради недостиг на напредок во процесот на преговори. Ова беше објавено од страна на телевизискиот канал „Хабертурк”, пренесува ТАСС.

Една од причините за замрзнување на разговорите е немањето договор за нов попуст за рускиот гас. Претходно беше подготвен договор за намалување на набавната цена од 1 јануари 2016-10,25%, но тој се уште не е потпишан. Исто така, постојат голем број други прашања за кои меѓу Турција и Русија не постои консензус. Во моментов, според турскиот телевизиски канал, преговорите за „Турски тек” се привремено суспендирани, а не е познато кога евентуално ќе продолжат.

Во исто време, руски експерти сметаат дека додека не се финализира процесот на формирањето на новата влада во Турција, официјална Москва тешко може да очекува потпишување на договор.