Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТурција ги повикува туристите слободно да ја посетат нивната земја

Турција ги повикува туристите слободно да ја посетат нивната земја

Владата на Турција соопшти дека воведувањето на вонредна состојба не е никаква пречка за престојување и одмор на туристите во оваа земја. Како што стои во соопштението на Министерството за култура и туризам, туристите кои планираат престој во таа земја немаат никакви безбедносни пречки за престој во било која дестинација или летувалиште во таа земја поради воведувањето на вонредна состојба.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во средата навечер прогласи тримесечна вонредна состојба во земјата после обидот за пуч. Министерството за култура и туризам во своето соопштение вели дека вонредната состојба претставува пакет на мерки кои ќе бидат спроведени во рамките на уставните закони поради зголемувањето на безбедноста со цел државата да се избори со заканите штетни за човековите права и слобода на народот.

„Наведениот пакет на мерки не содржи било какви ограничувања на основните човечки права и слободи. Мерките за безбедност кои ќе бидат применувани нема на ниту еден начин да влијаат на туристите кои ќе ја посетат Турција ниту пак на секојдневието на државјаните на Турција, а исто така нема да претставува ниту закана за нормалното функционирање на воздушниот сообраќај и меѓународните движења преку земјата“, стои во соопштението.