Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТурција бара начин за справување со бегалците, бара 3 милијарди евра од ЕУ

Турција бара начин за справување со бегалците, бара 3 милијарди евра од ЕУ

Преговорите во Европа за решавање со бегалската криза продолжуваат, а Турција побара сума од три милијарди евра кои би помогнале за полесно справување со проблемот со мигрантите.

Според дипломатските извори кои побарале анонимност, Турција нагласила дека е подготвена да соработува со ЕУ за справување со бегалската криза, но покрај финанансиската помош, побарала и отстапки во визниот режим и добивање на статус на „сигурна земја“, со што ќе се ограничат можносите на турските граѓани за добивање азил во земјите на Унијата.

Во интервју за приватната телевизија ТГР ТВ, турскиот премиер Ахмет Давутоглу соопштил дека Турција и предложила на Европската унија да потпишат договор за визна либерализација во првата половина од 2016 година наместо, како што првично било испланирано, во 2017 година.