Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТурските власти знаат кој стои зад бомбашкиот напад

Турските власти знаат кој стои зад бомбашкиот напад

Истрагата на турските власти во почетната фаза дошла до заклучок дека крвавиот терористички напад во градот Суруч бил извршен од бомбаш самоубиец, член на силите на ИСИС, планирајќи го нападот против курдски активисти кои сакале да се вратат во Кобане, градот кој беше сурово масакриран од милитантите.

Ахмет Давотугло изјави дека се следат сите можни аспекти на нападот, дали има поврзаност со ИСИС и со домашните терористички структури и дека напаѓачот е идентификуван, но се уште не се открива за јавноста.

Денес во Истанбул се одржаа и демонстрации барајќи одговорност и осуда за нападот, со обвинувања дека владата замижала пред заканите на ИСИС и избегнува мешање. Од друга страна, пак претседателот Реџеп Таип Ердоган го осуди насилството и оцени дека секој вид на тероризам, без оглед на мотивите, нема нација и вера и мора да се спречи.

suruc aktivisti

Во нападот во културниот центар во Суруч загинаа 32 лица, а уште стотина беа ранети. Утре ќе се одржи средба на кабинетот каде ќе се разговара за безбедносната ситуација во Турција, особено во делот на границата со Сирија.