Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТурските власти со писмо до САД побараа да се притвори Фетулах Ѓулен

Турските власти со писмо до САД побараа да се притвори Фетулах Ѓулен

Министерството за правда во Турција со испратено писмо до Вашингтон бара да се притвори Фетулах Ѓулен, муслиманскиот проповедик кој е обвинет од турските власти дека е одговорен за неуспешниот пуч во Турција на 15-ти јули.

Според објавите од телевизијата Си-Ен-Ен-Турк,  во писмото до американските власти, Ѓулен е дефиниран како „мозок“ на неуспешното соборување на владата. Турскиот премиер Бинали Јилдирим претходно денеска истакна дека Анкара нема да се согласи со никакви компромиси кога станува збор за барање до Вашингтон за екстрадирање на Ѓулен. Исламскиот проповедник кој живее во Пенсилванија и понатаму негира дека е вмешан во пучот во кој животот го загубија над 240 лица.