Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТурските полицајки добија дозвола да носат хиџаб

Турските полицајки добија дозвола да носат хиџаб

Жените во турската полиција од денеска за првпат ќе можат да носат хиџаб, кој ќе биде дел од нивните униформи, објавено е во Службен весник на Турција.

На жените во полициските сили ќе им биде овозможено да ја покријат главата со хиџаб под своите капи или беретки сè додека хиџабот е во иста боја како униформата и нема шари, се прецизира со одлуката која стапува во сила со објавувањето во Службен весник.

Турција ја укина забраната за носење хиџаб во универзитетските кампуси во 2010 година, за студентките во државните институции во 2013, а за ученичките во 2014 година.