HomeРЕФЛЕКТОРФилмТурскиот воен пуч на холивудското платно – очекуваме добар политички трилер

Турскиот воен пуч на холивудското платно – очекуваме добар политички трилер

Турција најави спектакуларен филм за неуспешниот воен пуч на 15 јули кога повеќе бунтовници во армијата се обидоа да го урнат Ердоган од власт. Филмот за пучот ќе има огромен буџет, а улоги ќе добијат големите турски актерски ѕвезди како и актери од странство. Продуцентот на филмот, Исмаил Озер посакува режисер од Холивуд да ја има главната палка. Премиерата се очекува да се одржи наредното лето.
puc
Турскиот продуцент најавува напнат трилер, еден вид на холивудски акционен блокбастер со елементи на политички трилер. Во филмот ќе биде прикажана терористичката организација ФЕТО предводена од исламскиот проповедник Фетула Ѓулен кои според турските власти се главни виновници за пучот и се прогласени за државни предавници.
turcija-puc

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com