Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТурскиот весник Заман стана провладин, Ердоган на насмеан на насловна

Турскиот весник Заман стана провладин, Ердоган на насмеан на насловна

Заман не го издржа притисокот, стана провладин. Турскиот опозициски весник Zaman вчера на насловната страница објави фотографија од насмеаниот турски претседател, Реџеп Тајип Ердоган, два дена откако полицијата со солзавец и воени топови го проби патот во седиштето на весникот во Истанбул. На насловната страница на најголемиот опозициски весник во Турција, со тираж од 850.000, се наоѓа текст за изградба на речиси завршениот мост над Босфор, проект кој го поддржува Ердоган.

По владината акција во петокот вечерта, редакцијата на весникот беше отворена во саботата под силно полициско обезбедување и без главниот уредник кој доби отказ. Со солзавец по втор пат беа растерани демонстрантите кои се собраа пред зградата. Zaman важеше за весник поврзан со движењето на Фетулах Ѓулен, исламистички клерик кој живее во САД, а кој во последните години се разедини со Ердоган. Владата го смета неговото движење за терористичка група. Турските власти во последно време презедоа под надзор неколку критични медиуми, вклучително весници и телевизиски станици наводно поврзани со Ѓулен. Левичарските медиуми исто така се изложени на рестрикции.