Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТурскиот Парламент го прифати договорот за помирување со Израел

Турскиот Парламент го прифати договорот за помирување со Израел

Турскиот Парламент денеска го одобри Договорот за нормализација на односите со Израел, што беше пролонгирано поради обидот за пуч. Со ова се отвора пат за двете земји да ги обноват дипломатските односи.

Во јуни Турција и Израел потпишаа Договор за обнова на односите кои беа нарушени по инцидентот од 2010 година, кога припадници на израелската Воена морнарица убија 10 турски пропалестински активисти, кои сакаа со брод да ја пробијат блокадата на Појасот Газа.

Текстот на Договорот потврдува дека Израел ќе и исплати на Турција 20 милиони отштета во рок од 25 денa.

Израел во јуни го одобри Договорот постигнат со Турција.