Турски воен хеликоптер се урна во црноморскиот округ Гиресун
Турски воен хеликоптер се урна денеска во црноморскиот округ Гиресун. Според турските медиуми, во хеликоптерот се наоѓале 11 војници и нивните сопруги. Инцидентот се случил во близина на градот Алуџра, а засега не се познати причините за несреќата. Кон местото на несреќата веднаш се испратени спасувачки и медицински екипи.