Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТурски репрезентативец ја претепал својата трудна сопруга?

Турски репрезентативец ја претепал својата трудна сопруга?

Турскиот репрезентативец Бурак Јилмаз е осомничен дека ја претепал својата сопруга која се наоѓала во четвртиот месец од својата бременост. Напаѓачот во февруари направи трансфер од Галатасарај во кинескиот Пекинг Гуан за 28 милиони евра. Турските медиуми пренесуваат дека неговата сопртуга, со која е во брак две години и ма ќерка, поднела барање за развод поради насилство.

Таа од Јилмаз бара оштета од 10 милиони евра. Јилмаз на сцоијалните мрежи истакна дека не сака да ги коментира обвиненијата околу насилството, бидејќи за него сопругата му претставувала најважна поради тоа што таа е мајката на неговите деца. Вистина или не, оваа приказна ќе влијае на Јилмаз, а со самото тоа и на репрезентацијата н Турција воочи Европското првенство кое почнува за седум дена.