HomeДЕНЕШНАЕкономијаТурски Лимак треба да вложи 250 милиони евра кај „Јужен Булевар“

Турски Лимак треба да вложи 250 милиони евра кај „Јужен Булевар“

limak-holding

Огромното празно земјиште покрај Јужен Булевар ќе прерасне во ново градилиште откако турскиот Лимак Холдинг ќе ги добие сите потребни дозволи за да го започне проектот за нов станбен и трговски комплекс вреден 250 милиони евра.

На површина од 300.000 метри квадратни, проектот предвидува четири блока, околу 1.000 станови во 20-катни згради, канцеларии, трговски центар, простор за културни активности, места за јадење и пиење, паркинг,…

Според менаџментот на компанијата, во текот на изградбата месечно ќе се ангажираат по 700 лица, а по завршувањето на компкексот ќе бидат вработени 2.000 до 2.500. Во градежните активности ќе бидат вклучени македонски фирми и набавката на потребните материјали ќе се врши од домашни компании.

Целосната реализација на проектот треба да биде заокружена за 2,5 до три години. Притоа, постоечката зграда на Музејот на Град Скопје, воопшто нема да се наруши и ќе биде вградена во рамки на комплексот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com