Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТурски државјанин исчезна во Мавровско езеро

Турски државјанин исчезна во Мавровско езеро

Исчезна маж денеска напладне во водите на Мавровско Езеро. Специјализирани екипи на МВР пребаруваат по дното на брегот во близина на месноста Бунец, бидеќи постои сомнеж дека лицето кое пријавено за исчезнато е удавено.

Од првичните информации на Јавното обвинителство најверојатно се работи држжавјанин на Република Турција на возраст од околу 60 години.

Неофицијално, тој со свои пријатели дошол на излет. Попладнево околу 16 часот влегол во езерото со уште едно лице и двајцата излетници запливале во водата. Во еден момент, едниот од нив почнал да тоне и се обидувал да исплива, по што му се губи трагата. Едниот допливал до брегот и побарал помош.

Случајот во полициското одделение Маврово, го пријавил рибар кој бил во близина по што полициски службеници помогнале и едниот од излетниците го префрлиле во гостиварската болница. Во моментов Јавното обвинителство ја следи потрагата по исчезнатиот која ја изведуваат екипи на СВР Тетово и нуркачи на МВР. Засега не се соопштуваат повеќе детали.