Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТурски државјанин фатен со хероин на скопскиот аеродром

Турски државјанин фатен со хероин на скопскиот аеродром

Турски државјанин се обидел да внесе 4 ипол килограми хероин во Македонија. 39-годишниот маж е откриен синоќа на аеродромот Александар Велики. При детална контрола, цариниците пронашле околу 4.622 грама хероин во куферот, во кој имало изработено дупло дно со пластичен дел од друг куфер.

Лицето и багажот се предадени на Одделението за истраги при Царинската управа на Р.Македонија за натамошна постапка.