Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТурски авиони извршија напад врз цели на ПКК

Турски авиони извршија напад врз цели на ПКК

Турски воени авиони извршија напади врз цел на Курдската работничка партија (ПКК) во северен Ирак и во реони на југоисточна Турција.

Како што јави агенцијата Анадолија, турската Армија официјално не соопшти за жртви, но според извори во безбедносните сили, при воздушните напади биле „уништени мали групи“ на борци на ПКК.

Според Армијата, при судири на турските сили со припадници на ПКК во реонот на Шемнидли во близина на тромеѓето на границите меѓу Турција, Ирак и Иран, биле убиени 27 курдски борци.

Извор: МИА