Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаТурски аеродромски оператор сака да го преземе „Никола Тесла“

Турски аеродромски оператор сака да го преземе „Никола Тесла“

Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ е мета на аеродромскиот оператор ТАВ кој, според информациите од турската компанија, преговара за започнување на проекти во Манила и Белград. Не се исклучува можноста за преземање на имотот и понуда на оперативна управа над аеродромот, додека српската влада веќе ангажирала советници за да се најде долгорочен оператор со аеродромот.

Околу 13 аеродроми ширум светот, вклучувајќи ги и аеродромите во Македонија и Хрватска се под раководство на ТАВ. Турската компанија планира да ги достави новите понуди за двата заинтересирани аеродроми во текот на месец февруари.