Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТурската полиција заплени неверојатно количество на хероин

Турската полиција заплени неверојатно количество на хероин

Турската полиција на преминот „Хамзабејли/Лесново“ на границата меѓу Турција и Бугарија заплени 775 килограми хероин, што претставува рекордна заплена на овој наркотик од страна на турските власти.

Како што јави БТА, дрогата е откриена во камион со ирански регистарски таблички кој патувал од Турција кон Бугарија.

Со камионот се превезувале две лица, ирански државјани, кои се задржани во притвор во Едрене. Еден од приведените е син на сопственикот на камионот.

Приведените при распитот во полицијата изјавиле дека не знаеле оти во камионот се наоѓа дрогата.

Камионот тргнал од Иран и според царинските документи, превезувал стоки до Романија.

Извор: lokalno.mk