Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТурската полиција откри 500 килограми експлозив, апсењата продолжуваат

Турската полиција откри 500 килограми експлозив, апсењата продолжуваат

Турските безбедносни сили задржаа автомобил во кој имало 500 килограми експлозив во југоисточниот округ Дијарбекир, јави турската телевизија НТВ. Силите за безбедност синоќа го запреле возилото на влезот од градот Диџле, а по претресот биле приведени две лица. Се претпоставува дека приведените планирале да извршат голем терористички напад.

Претходно денеска, турските медиуми јавија дека се уапсени 17 лица осомничени за поврзаност со нападот во Анкара во кои животот го загубија 28 лица. Ердоган најави дека апсењата ќе продолжат, а Турција ќе одговори на секој напад.